Како правилно да се заштите од сонцето


Сите знаеме колку сочевите зраци може да влијаат врз нашата кожа. Докторите сепак потврдуваат дека најголема опасност за кожата се УВА и УВБ зраците. УВА зраците се одговорни за создавање брчки на кожата и појава на меланом, а УВБ зраците се оние кои ја горат кожата и го намалуваат колагенот.

sun6_1758894aСоодветна заштита во овие топли денови може да обезбедите со употреба на креми со заштитен фактор поголем од 30, кои блокираат дури 97 проценти од овие штетни зраци за кожата. Но да не заборавиме дека изложувањето на кожата на сончеви зраци, доведува и до создавање на слободни радикали. Затоа за овој период важна е употребата на антиоксидантно средство кое ќе ја обнови веќе оштетената кожа и дополнително ќе ја заштити.

Тоа се препарати кои содржат витамини А, Е, и Ц. Секој ден, најпрво нанесете го средството кое има антиоксидантно дејство, а потоа и средството со заштитен фактор. Ако излегувате почесто на сонце, заштитниот фактор нанесувајте го неколку пати во текот на денот, бидејќи потењето на кожата го намалува дејството, а како дополнителен ефект е тоа што со редовната употреба на овие средства, стареењето на кожата се намалува за 24 проценти. Уште еден несакан ефект на овие зраци е појава на темни дамки на кожата, но тие може да се и како резултат не некои хормонски нарушувања.

Сепак совет за оваа состојба е употреба на крема која ги избелува овие флеки и пеги. Совет : Доколку излегувате преку ден, користете средство со заштитен фактор, но сепак, ако имате можност, излезете во подоцните попладневни часови, без заштитна крема, за вашата кожа да создаде витамин Д, кој ќе ви помогне во зацврстување на коските, особено за најмладите и за оние повозрасните кои имаат нарушувања во коскеното ткиво. За ова се потребни 15 минути изложеност на сонце во текот на една недела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1