До крајот на есенва преку тендер треба да се најде компанија што ќе изработи проектно решение за проширување на патарината кај Романовце, пишува утрешен „Вест“.
Со изградба на нови кабини за наплата на сосема нова локација, ќе се проширува патарината кај Романовце, која е прва при влез од Србија во Македонија преку граничниот премин „Табановце“. Новата патарина ќе биде наменета за возилата кои се движат по автопатот кон Скопје, додека старата ќе ја користат оние што патуваат кон Табановце, објавува „Вест“.