Oргинален рецепт за бурек


Нема ништо повкусно од започнување на денот со вкусен бурек и чаша јогурт. А уште повкусен ќе биде доколку пробате да го направите сами. За вкусови не се дискутира, но овој рецепт за бурек е многу подобар од било која позната пекара.

burek1Потребно е:

1/2 кг тенки кори, за баклава
300 гр сирење
250 мл вода
125 мл масло
сол, по потреба

Подготовка:

– Во длабок сад помешајте ги водата и маслото. Посолете. Ако сирењето е многу солено, внимавајте да не претерате со солта. Со оваа течност ќе ја премачкувате секоја кора, па затоа почесто размешувајте ја течноста со вилушка.

– Сирењето со вилушка згмечете го.

– Земете тркалезно тавче за печење (26см). Намачкајте го малку со масло и ставете две кори, така што краевите треба да излегуваат од страните на тавчето.

– Со лажиче попрскајте врз корите од течноста со вода и масло. Не претерувајте, освен ако не сакате бурекот да ви биде многу, многу мрсен.

– Остатокот од корите поделете го на групи од по 3 кори. Секоја група од по 3 кори редете ја во тавата, гужвајќи ја првата кора, попрскајте од течноста со вода и масло, ставете ја втората кора нормално и на третата кора ставете од филот. Ова повторувајте го додека да ги потрошите сите групи од по 3 кори и целата смеса.

– Значи, првата кора е згужвана, попрскана со масло и вода, втората е нормално ставена и третата е исто така нормално ставена заедно со дел од филот.

– На крај, треба да завршите со кора под која има фил од сирење.

– Последната кора попрскајте ја со течноста од масло и вода.

– Краевите кои се надвор од тавата преклопете ги врз бурекот и целиот бурек прелијте го со остатокот од течноста.

– Печете го загреана рерна на 180 целзиусови степени додека да поруменат корите.

Забелешка: Во филот од сирење, може да ставите луто пиперче, црвен пипер, бибер. Бурекот може да го филувате со смеса од шункаа, кашкавал и кечап (пица бурек), шунка, павлака и кашкавал, фил од мелено месо со бибер и кромид…

DaNaucime

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1