„Свежа хартија“ (Fresh Paper) е најновиот хит во прехранбената индустрија. Станува збор за изум поради кој намирниците можат да останат свежи дури четири пати подолго од нормално.
Оваа хартија се користи многу лесно. Во својот состав има огански состојки кои спречуваат развој на бактерии, а доволно е само да ја ставите во садот со намирници и таа нивната свежина ќе ја чува два до три пати подолго од нормалното траење. Едно парче хартија може да се користи две или три недели.
– Кога го слушнав податокот дека 1,6 милијарди луѓе едвај преживуваат без основните животни намирници, а дека четвртина од светските залихи на храна завршува во отпад, бев шокирана. Толку храна се фрла, токму поради тоа што не се чува на вистинскиот начин и брзо пропаѓа. Ова парче хартија е наш мал допринес на глобалната заштеда, вели Кевита Шукла која госоздаде овој изум.
Кевита Шукла идејата за магичната хартија ја добила благодарение на својата баба од Индија и нејзините лековити зачини. Таа вели дека идејата ја добила бидејќи како дете во Индија се напила вода од чешма, инаку забранета за пиење.
– Откако го направив тоа, баба ми ми даде смеса од зачини за кои тврдеше дека веднаш ќе го неутрализираат дејството на нездравата вода и така и беше. Долго размислував на кој начин би можела да го искористам делотворното дејство на тие зачини и така настана „свежата хартија“, се присетува Шукла.
Курир