Загрижен поради се поголемиот број на ергени, градоначалникот на Македонски Брод, Милосим Војневски, на момците од Поречието им нуди бесплатно патување до Русија и Украина, за да си најдат невести, а ветува и свадби на општински трошок, објави Канал 5.
Војневски им нуди на над 200 стари ергени од Поречието да се оженат.
Преку невладина организација од Битола им нуди Русинки и Украинки, не постари од 35 години, но, за сега, интерес нема. Се пријавиле само четворица, а треба најмалку 20 за да се формира група која на општински трошок ќе оди во Русија и Украина да избираат невести.
Во Македонски Брод некогаш живееле 24.000 жители, а денеска три пати помалку. Девојките најчесто заминуваат во поголемите градови или во странство, па поради дефицитот од девојки за мажење.