Македонски навивачи тепани зошто извадиле Македонско знаме (Фото)


Навивачката група на германскиот бундеслигаш Шалке 04, популарните „УГЕ“, кои се збратимени со „Комити“, на дуелот против ПАОК во ЛШ имаа жестока пресметка со полицијата бранејќи го македонското знаме, пишува Екипа.
salke navivaci so paok golemaКако и на секој натпревар на Шалке, на трибината кај најверните фанови стои македонско знаме, како и транспарент кој го означува братството меѓу „УГЕ“ и „Комити“, а тоа овојпат било оценето како провокација за фановите на грчки ПАОК. Се работело за транспарентот „Комити Диселдорф“, на кое е вметнато и сонцето од Кутлеш, а имало и македонско државно знаме на трибините на „Велтинс арената“.
На полицијата и било наредено да го отстрани знамето, но тогаш се случила жестока пресметка со навивачите на Шалке на самата трибина, затоа што не сакале да биде острането македонското знаме. Така „УГЕ“ уште еднаш докажаа дека се вистински браќа со „Комити“, а на спротивната страна навивачите на ПАОК имале истакнато транспарент дека Македонија е дел од Грција.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1