Луѓето не се перфектни, па затоа е утешувачки кога некој од нив е позади снајперот. Но, што кога ќе се произведе Wi-Fi снајпер кој можете да го контролирате од страна со помош на софтверска програма?
Развиено од Tracking Point, снајперот е прецизен дури до 1 километар далечина и доаѓа со ласер, сензори за ветар, сопствен процесор, мерење на интерција и компас. Интерфејсот развиен од Tracking Point ви овозможува да центрирате и да пукате…сепак, не можете да пукате кога сакате. Снајперот ќе ви дозволи да пукате само тогаш кога ќе биде сигурен дека ќе ја погодите метата!
Со овој уред жртвите ќе немаат спас ниту можност да преживеат – односно ќе сме обични глинени гулаби а нашите животи ќе се во рацете на обична програма. А што ако интернетот не е добар и кочи или знае да сецне како што на пример се случува со македонските интернет провајдери? Дали војските ќе се вадат на УПС ми сецна нетот отиде човекот?