Заталкан куршум погодил в глава 39 годишна скопјанка во скопско Сингелиќ.Инцидентот се случил завчера околу 17,00 часот во село Сингелиќ-скопско.
Непознат сторител испукал повеќе куршуми од огнено оружје, при што еден од испуканите проектили погодил и пробил лимена покривна табла од настрешница на куќата на И.А. (30) и ја удрил во пределот на главата А.Н.(39) од Скопје.
Извршен е увид на местото на настанот, а пронајдениот проектил е даден за вештачење.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопшти МВР. нема информации з астепенот на повредата на жената.
Истиот ден, еден час претходно, околу 15,50 часот, на ул.„Финска„ во Скопје, залутан крушум од огнено оружје паднал и ја оштетил обувката од левата нога на Л.С.(46) од Скопје, која во тој момент се движела пеш по улицата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопшти МВР.