ГРЦИТЕ И НА СУД ДОKАЖУВААТ ДЕKА СЕ ПАТРИОТИ – Стрес од клевета за Македонија 15.000 евра


Поранешниот солунски префект Панајотис Псомијадис по налог на судот ќе мора да му плати 15.000 евра на поранешниот европарламентарец од грчката партија на зелените, Михалис Тремопулос, бидејќи го навредил оти не бил патриот за македонското прашање, пренесува Дневник.

greeceПсомијадис доби тужба од европратеникот од партијата на зелените пред две години поради тоа што во телевизиски емисии го нападна Тремопулос дека бил единствениот грчки европратеник што дал зелено светло за извештајот за Македонија. Во тоа време, солунскиот префект, кој беше на суд поради злоупотреба на службената положба, кажа дека некој сака да го замолчи поради неговите ставови за Македонија. Псомијадис побара наместо со него, јавноста да се занимава со антигрчките изјави на грчките пратеници, споменувајќи ја посетата на Тремопулос во Скопје, на заедничка дебата со партијата ДОМ за градење нуклеарни централи во регионот.

Патот до тужба

Ваквите изјави на Псомијадис го налутија европратеникот од редовите на зелените и го натераа да поднесе тужба.

– Бев во Скопје за соработка со тамошната партија на екологистите против изградба на нуклеарна централа на само 12 км од грчката граница. Наместо да ни се честита за оваа иницијатива, Псомијадис и неговите поддржувачи сакаат да н` вмешаат во оваа приказна за пропаганда и антигрчки позиции – рече пред две години Тремопулос.

Инаку, Тремопулос не е единствениот грчки политичар што беше обвинет дека нема доволно тврди ставови во однос на прашањето за името. Антимакедонската сабја пред пет години заигра во ПАСОK. Тогашниот советник за политички комуникации, Григорис Валијанатос, беше избркан од партијата бидејќи во телевизиска емисија кажа дека соседната земја треба да се нарекува Македонија и дека постои македонско малцинство во Грција. Иако кажа дека ваквите ставови се негово лично мислење, не му помогна. Следното утро ПАСОK издаде соопштение со кое ја информира јавноста дека договорот со Валијанатос е поништен затоа што изнел „лични ставови“, кои не биле во согласност со партиската линија. Валијанатос, кој сега е претставник на Либералната партија, за „Дневник“ вели дека с` уште го сметаат за предавник поради неговите ставови за македонското прашање.

Грчката опозициска партија СИРИЗА, пак, го отстрани својот претставник Насос Теодоридис од Парламентарната комисија за човекови права откако на социјалните мрежи промовирал промакедонски и протурски ставови.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1