Од долговечното зимзелено дрво, разгрането и високо над 50 метри, обично се користат исушените листови и етеричното масло од нив.
Лисјата може да се собираат во секое време, бидејќи билката е зимземена, но за лековити се сметаат само оние собрани кога цветаат дрвјата. Собраните листови се тврди, дебели и кожести и свиткани во вид на срп. Имаат специфичен мирис,а вкус ароматичен, скомињав и горчлив.
Етеричното масло се добива со дестилација на водена пареа на сувите листови и цветни пупки. Чај од билката се дава против бронхит, бронхијална астма, трахеит, фарингит, ларингит и слично. Чајот се препорачува и кај катарални заболувања на уринарните ограни, бидејќи дејствува антиспетичко и антиинфламаторно.
Подготвување на чај од еукалиптус: Една лажица суви лисја се попаруваат со 300 мл врела вода и садот стои покриен 20 минути. Се процедува и се пие по 100 мл, 3 пати на ден.