Во Катар, оној што има една куќа, една жена и еден автомобил – е сиромашен!


До средината на 50те години на 20 век жителите на катар беа повеќе на северниот дел, поблиску до Гахреин, и живееле од рибарство и морски бисери. Со пронаоѓањето на нафтата и плинот се се свртува кон југ!

katarВо Катар секој жител кој сака да гради куќа добива дозвола за еден ден, а половина од парите му ги враќа парите. Странец не може да има имот на Катар. Таму не се плаќа данок, што е мамка за милиони странци кои се работно ангажирани во оваа земја. Здравственото и пензиско осигурување не се на товар на граѓаните. Странците живеат во станови, а државјаните на катар во куќи.Стан се изнајмува за 700 долари па нагоре, а се купува за половина милион.

Половина од попуацијата живее во Доха. Новиот Емир Тамим бин Хамад бин Халифа ел – Тани ( 30 ) е цврсто решен да направи од катар кралство во кое секој би посакал да оди. Особено е заинтересиран з апромоција на земјата низ спортски настани. Во 2022 Катар е домаќин на Светско првенство во фудбал, за што се изградени климатизирани стадиони. За Светското првенство да биде најдобро организирано до сега, Катар ќе потроши 200 милијарди долари! Ќе се гради нов аеродром, нови патишта и метроа, да биде се подготвено за спортистите, навивачите и туристите кои се очекуваат таа година да навалат во земјата!

Катар е полн со богатство и луксуз и интересен за проучување – во галеријата погледнете малку од гламурот на Доха.

Kanal5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1