Грк вооружен до заби се обиде да влезе во Македонија


Минатата недела и викендот, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани ловечка муниција, сигнален пиштол, девизи, фалсификати, цемент и друго. Задржана е следната стока:

bogorodica1Ловечка муниција и сигнален пиштол
– 292 патрони ловечка муниција со калибар 12 mm, откриени при контрола на патничко возило со грчки регистарски таблички, управувано од грчки државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Богородица.  И покрај тоа што возачот изјави дека нема што да пријави за царинска контрола, царинските службеници извршија детален преглед на возилото, при што во просторот под седиштата пронајдоа патна торба во која била сокриена муницијата.

– 1 сигнален пиштол, марка BLOW COMPACT  Mod.2002, со 1 парче муниција за истиот, откриен при контрола на патничко возило со бугарски регистарски таблички, управувано од бугарски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Ново Село. Пиштолот е пронајден во преградата на вратата на возилото. За увоз на ваков вид стока во државата потребна е дозвола од МВР, која и во двата случаи возачите не ја поседувале.

Девизи
– 5.000 евра, откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи патничко возило со македонски регистарски таблички, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. На прашање на царинскиот службеник, возачот пријави дека со себе носи 1.000 евра, но при извршената контрола, во мала торбичка што ја носел околу половината, пронајдени се 7.000 евра, од кои, согласно Законот за девизно рааботење, 2.000 евра му се вратени.

Фалсификати
– 240 пара спортски обувки со ознаки на заштитена трговска марка, откриени при контрола на товарно моторно возилo со бугарски регистарски таблички, управувано од бугарски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Деве Баир.
Сомнителната стока, со потекло од Кина, била наменета за фирма увозник од Косово.
– 2.709 разни производи со ознаки на заштитени трговски марки, од кои 134 тренерки, 879 приврзоци за клучеви, 546 капачиња за раткапни и 1.150 пвц налепници, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Турција, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Скопје 1. Сомнителната стока чија пазарна вредност се проценува на околу 480 илјади денари, била наменета за фирма увозник од Струмица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1