Скопјанец кој летово во Охрид, бил повреден откако врз глава му паднала пластика од столб за улично осветлување, па ќе ја тужи општина Охрид и ќе бара финансиска оштета, дознава „Охрид 1“.
Според порталот, пластиката паднала врз главата на скопјанецот во центарот на Охрид, пред зградата на Македонски шуми, на дваесетина метри од кејот.
Тој се здобил со повреди и побарал лекарска помош во Општата болница, од каде потврдуваат дека пред неколку седмици примиле ваков случај, со исеченици на главата.
Од Општина Охрид за Охрид 1 велат дека до овој момент не добиле покана за суд за ваков случај, но велат дека доколку сака да тужи, може да го стори тоа, за вистината да се докаже во судска постапка.
ФОТО: Охрид1