Лекарите очајно се обидувале да ја реанимират во амбулантната кола, но по нивното пристигнување во Клиниката за кардиологија таа е прогласена за мртва. Денес сепак, насмеаната Ванеса, надвор од болничкиот кревет ги гушка своите деца и зборува весело со нив.
Медиумите се едногласни: Ванеса е медицинското “чудо на Австралија” и го должи својот живот на hi-tech медицинскиот уред, овозможувајќи да се одржува протокот на крв во мозокот при вонредни ситуации.
Уредот, наречен LUCAS-2 чини само 15 000 долари, но благодарение на него хирурзите може да извршат итна операција на срцето и да ги вратат пациентите во живот.