Една коцка помалку во чоколадите на Милка!


За разлика од компаниите кои привремено го менуваат логото во рамките на рекламна кампања, швајцарскиот производител на чоколадо Milka одлучи да отиде подалеку.

cokoladoПривремено компанијата ќе се откаже од правоаголиот облик на чоколадо на двата најголеми пазари – во Германија и Франција. Идејата е на рекламната агенција Buzzman која ја убеди компанијата да го промени производот.  Во септември, чоколадото кое ќе се продава во повеќето супермаркети во двете земји, ќе бидат “лишени” од едно квадратче.

Тоа ќе може да биде пратено одделно, преку воведување онлајн кодот, кој ќе се наоѓа на пакувањето. Корисникот ќе може да одлучи дали да му биде доставено дома, или да биде испратено на избран од него пријател со неколку неколку топли зборови.

Идејата е дел од рекламната кампања на компанијата „Осмели се да покажеш нежност”. Од рекламната агенција беа замолени од производителот да создадат приказна блиска до нивниот слоган. Тогаш од Buzzman спроведоа анкета, според која се заклучи дека луѓето ја сакаат идејата да подаруваат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1