Пообилни врнежи од дожд денеска, а утре на повеќе места и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер со брзина над 60 километри на час, најавува Управата за хидрометерололошки работи.
Пообилни врнежни повторно ќе има во северните и западните делови на земјава, каде локално се очекува да наврнат над 20 литри на квадратен метар, а не е исклучена ниту можноста за изолирана појава на град.
Во наредните денови ќе преовладува умерено облачно и малку посвежо време, локално со услови за краткотраен дожд.
Во случај на појава на грмежи се препорачува поголема внимателност – да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.