Ужасна трагедија во Швајцарија – татко ги киднапирал ќерките кои живееле со нивната мајка и ги запалил во автомобилот!
Телата на двете девојчиња на возраст од 2 и 5 години се најдени јагленисани во автомобилот, а таткото со тешки изгореници бил наден стотина метри подалеку. Со хеликоптер бил пренесен во болница но не преживеал.
Полицијата се сомнева дека тој ги киднапирал девојчињата од поранешната сопруга и со нив се запалил во автомобилот. Исчезнувањето на децата мајката го пријавила истиот ден во 15 часот, а половина час подоцна полицијата добила дојава за запален автомобил.
За неутешната мајка на двете девојчиња обезбедена е психијатријска помош.
Kanal5