Одлуката на „Филип Морис“ да биде стратешки партнер на Тутунскиот комбинат „Прилеп“, според премиерот Никола Груевски, ќе придонесе да се надмине отежнатата економска ситуација во која се наоѓа втората најголема компанија за производство на цигари.
– Оваа компанија во иднина не само што ќе опстојува, туку и ќе се движи напред. Задоволство ми е што сум премиер во времето кога тоа се изработи, се заврши и тоа е голема работа за Прилеп бидејќи знаеме што значи овој комбинат за граѓаните во овој град, изјави премиерот одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета во Прилеп.
Тој додаде дека овој светски бренд ќе ги произведува познатите цигари од брендот „Марлборо“.
Sitel