Меркел смета дека нејзиниот претходник Герхард Шредер не смеел никако да се согласи со тоа Грција да стане членка на монетарната унија.
– На Грција никогаш не требало да и се дозволи влез во еврозоната. Шредер ја прими во 2011 година и со тоа го ослабе Пактот за стабилност. Таквата одлука била целосно погрешна и претставува почеток на нашите сегашни проблеми, нагласи Меркел.
Таа на свооте приврзаници им го повторила ставот дека се залага за силна единствена европска валута, но додаде дека тоа може да се постигне само преку реформи во погодените земји од кризата, како што е и самата Грција.
Изјавите на Меркел следат само неколку дена откако германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле истакна дека на Грција ќе и биде потребен уште еден спасувачки пакет.
MTV