Учи сине за да не работиш? – не ќе да е така денес, еве зошто


Во Македонија полесно може да се дојде до работа со средно отколку со високо образование. Тоа го покажуваат и резултатите од истражувањето на Агенцијата за вработување според кое работодавците предвиделе годинава да се отворат нови работни места највеќе за лица со средно образование. Имено, во истражувањето што лани било спроведено на 2.764 мали фирми, 48 отсто од нив најавиле дека во наредните дванесет месеци односно годинава очекуваат нови вработувања.

13636094-closeup-of-an-electrician-plugging-two-extension-cords-into-each-other-horizontal-format-over-a-whit-150x150Во анкетираните фирми предвиделе годинава да има 10.643 вработувања. Од очекуваните вработувања, само 9,1 отсто или 973 вработувања биле предвидени за лица со високо образование, а дури 74 отсто или 7.880 нови вработувања биле предвидени за лица со завршено средно образование.

Според дејноста, највеќе нови вработувања годинава се очекува да има во преработувачката индустрија (45,1 отсто од вкупните вработувања), во трговијата на големо и во трговијата на мало се очекуваат 2.584 нови вработувања или 24,3 отсто, а од другите дејности со релативно помала побарувачка за работна сила се издвојува градежништвото(9,2 отсто од вкупните очекувани вработувања).

Останатите дејности во кои се очекуваат помал број новоотворени работни места се транспортот и складирањето и финансиските дејности.

Анкетираните работодавачи одговориле и дека приоритет при вработувањата кај лицата со средно образование ќе имаат лицата со следните занимања: шивач, продавач, бравар, келнер, работник за одржување згради, заварувач, чевлар, ѕидар, возач на товарно возило, возач на такси, електричар, водоинсталатер, пекар, тесар, столар, кројач, автомеханичар и монтер на мебел.

emagazin.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1