Тијана Дапчеиќ идната година ќе ја претставува Македoнија на изборот за песна на Евровизија, што ќе се одржи во мај во Копенхаген, Данска. Одговорните во МТВ ова година се одлучија многу порано да го одберат нашиот претставник и тоа едногласно. Тијана е пресрекна што ова година ќе ги брани боите на Макоеднија, пишува Вест.
– Пред 20-ина дена ми се јавија од МТВ со понуда да ја претставувам Макеоднија на Евросонг. Не размислував ни секунда. Веднаш реков да. И пресреќна сум заради тоа, ни рече Тијана, која со песната Изгрев во 2002 година настапи на Скопски фестивал, од кој се бираше националниот претставник, но го освои четвртото место.
Одговорните од Македонската телевизија исто така се презадоволни со Тијана и велат дека кога се поставило прашањето кој ова година ќе не претставува на Евросонг, без размислување се сложиле тоад да биде таа.
Тијана е супер пејачка, таа е наше девојче, има супер кариера, има одлично музичко педигре. Позната е на Балканот, што е многу важно, настапува секаде, има успеси, ја сакаат и тоа е сосема доволно да биде вистинскиот избор. Сигурни сме дека доследно ќе не претстави. Навистина немаше опција за други пејачи. Сите одговорни во МТВ едногласно одлучвме тоа да биде Тијана, вели Љупчо Мирковски, директор на Националниот избор за песна на Евровизија.
Вест