Зошто се дебелеат поранешните пушачи?


Грицкањето од нервоза можеби не е единствената причина поради која се дебелеат луѓето кои се откажале од цигарите.

pusenje44Студиите покажале дека оставањето на цигарите доведува до добивање четири до пет килограми во просек, и тоа во првата година по откажувањето. Но, според истражувањата на Универзитетската болница во Цирих, поранешните пушачи не јадат веќе како обично, па тоа е причина за дебелеењето.

Професор Жерард Роглер вели дека со колегите го пронашол можното објаснување – промена во комбинацијата на бактерии во цревата.

Во нивната студија објавена во магазинот PLoS One, откриле дека кога некоја личност престанува да пуши, се менува бактерискиот состав во неговите црева и наликува на оној кај дебелите луѓе. За времетраењето на истражувањето, луѓето кои престанале да пушат во просек се здебелиле 2,2 килограми, иако не ги промениле навиките во исхраната.

По добиените резултати, научниците на оваа тема подготуваат и пообилно и подетално истражување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1