Босанците почнаа да бараат злато – останало ли уште во рудниците активни пред 70 год?


Потрагата по злато во централна Босна и официјално почна. Владата на Среднобосанскиот кантон донесе две одлуки кои се однесуваат на истражување на злато на две локации, Мачкара – Мрачај во општината Ускопоље и во Баковиќи во општината Фојница.

zlatna_treska bosnaКонцесијата за истражување на евентуални наоѓалишта на злато во Ускопоље, но и негово искористување ја доби компанијата Гланз инвестмент д.о.о. од Сараево. Оваа компанија единствена се јави на јавниот конкурс за истражување и експлоатација на злато. Далеку поголем интерес потенцијалните инвеститори покажаа за истражување на евентуални наоѓалишта на злато во местото Баковиќи во општината Фојница. Во Баковиќи порано постоел рудник за злато кој е затворен пред 77 години, а златото најдено во Баковиќи се извезувало во Велика Британија, како и во други европски земји.

Дали за Англичаните во Баковиќи останало уште злато? За тоа се заинтересирани многумина.

На јавниот конкурс за истражување објавен исто така во мај оваа година, откако и општинските власти на Фојница дадоа зелено светло за истражување, се јавија дури пет компании. Три од нив се домашни: Ескимо С2 од Травник, АУ Аурум од Јајце и Златна жица од Фојница.

 компанијата ББМ д.о.о. од Сараево подготвени се да инвестираат 10 милиони конвертибилни марки во истражувачката дејност, студијата, потоа да се отстапи на Владата на Централнобосанскиот кантон која по добиените информации од теренот би распишала конкурс за доделба на концесија за експлоатација на златото. Фактот дека некој е подготвен да вложи милиони, а гаранција дека ќе ја добие работата за искористување на златото нема, беше причина што некои членови на Владата на Среднобосанскиот кантон бараа повеќе информации за инвеститорот, како и за самата постапка за доделба на концесијата.

– Златото е веќе најдено, сосема е сигурно дека злато има, а во кои количини, тоа ќе покаже истражувањето кое верувам ќе биде завршено во текот на идната година – вели среднобосанскиот министер за стопанство Сеџад Милановиќ. пишува artiinfo.ba.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1