Јадеме увезен кечап од наши домати, пиеме странски сок од наше овошје


Смокви и вишни, произведени во Македонија, од странство ни се враќаат во тегла, како слатко или компот. Цвекло, пиперки или домат од нашите ниви се преработува во соседните земји и повторно се враќа кај нас како готов производ, пишува „Утрински весник“

Минатата година Македонија потрошила 529 милиони евра за увоз на храна, што претставува пораст од 20,4 проценти во споредба со 2011 година

kecapЈадеме увезен кечап од наши домати, пиеме странски сок од наше овошје.

Ниту третина од асортиманот на негазирани сокови по маркетите не е од домашно производство, иако овошје имаме во изобилие. Покрај нашиот ајвар, лутеница, корнишони, стојат и увезени од Србија, Хрватска и други земји, каде што Македонија најмногу извезува зеленчук.

Еден од најизвезуваните производи во овој период од годината, грозјето, во најголем дел е наменет за понатамошна преработка. Наместо како вино, ние го пласираме како суровина.

Според податоците од Државниот завод за статистика, минатата година Македонија потрошила 529 милиони евра за увоз на храна, што претставува пораст од 20,4 проценти во споредба со 2011 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1