Скопјанка отишла да си ја бара платата – газдата вперил пушка во неа


puska

Сопственикот со пушка ги избркал 35 годишната работничка и нејзиниот партнер кои дошле по плата.

На 31.08.2013 година во 11,00 часот во ПС-Ѓорче Петров, Т.Б.(1983) од Скопје, пријавил дека на ул.„Стоби“, во фабричкиот погон на „Златно зрно“, отишол со неговата невенчана сопруга  С.Ј.(1978) од с.Волково-Скопје, цел таа да земе плата од сопственикот.

Кога влегле внатре, побарала 17.000 денари, но сопственикот одбил да и даде пари, по што настанала расправија во која сопственикот од шкаф извадил пушка „Хунтер“ кал.4,5мм со оптички нишан, ја вперил кон двајцата, воедно заканувајќи им се дека ако не излезат од просторијата ќе  ги  убие – извести МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1