Награда 500 евра, за оној кој ќе го пронајде трујачот на животни во Ново Лисиче


Награда од 500 евра за сведоштво, информација и доказ кој ќе помогне да се фати трујачот на животни во Ново Лисиче, нуди Здружението за заштита на животни „Анима мунди“.

kuce– Сакаме да ја информираме јавноста за повторно за труење на животно во Ново Лисиче во реонот на АСНОМ (4 – 16) , кое се случи во неделата. Мaалско кутре, милениче наречено Локи – Локумче  со последни сили се доближи до луѓе кои ги познавало барајќи помош. Животното било затруено со отров. Благодарение на брза реакција на луѓето и ветеринар кој ни излезе во пресрет, кучето доби силна и комплетна терапија и реанимација но се уште се бори за живот. Ветеринарното лице тврди дека отровот е силен и не се знае кои се последиците, ако кучето преживее – велат од „Анима мунди“,пишува Нова Македонија.

Од здружението додаваат дека ова не е прво труење во реонот и веруваат дека истиот сторител е убиецот и на други  животни. Делото е пријавено во полиција а комплетирана документација од ветеринарот ќе биде доставена во МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1