Четиригодишно дете е убиено од повеќе улични кучиња


Дете на 4 годишна возраст било искасано од повеќе кучиња во парк во Букурешт, Романија.

kuceОткако се случи овој немил инцидент, романскиот претседател Трајан Басеску повика за итно прифаќање на закон со кој ќе се дозволи евтаназија на илјадници улични кучиња кои се вистински проблем во главниот град на Романија.

„Луѓето се над кучињата“, нагласи претседателот на своето телевизиско обраќање.

Басеску повика за евтаназирање улични кучиња само ако тие се болни.

Според весникот Евениментул зилеј, кучињата кои го убиле детето, се на невладина организација од Букурешт – Фондација Калеидоскоп.

Според локалните медиуми, на улиците во главниот град има околу 64.000 бездомни кучиња. Во Романија функционираат околу 100 невладини органзиации за заштита на животни.

Нацрт-законот кој дозволува стерилизирање бездомни кучиња е блокиран неколку месеци во правната комисија на парламентот.

Puls24 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1