Владата на Русија им дава совет на своите сајбер-криминалци и на сите кои ги бара САД: не излегувајте од дома, се кажува во статијата на The Wired.
„Веќе речиси две децении Русија е прибежиште за професионалните спамери, хакери, фишери и интернет-измамници“, смета авторот.
На 2 септември Русија ги замоли своите граѓани да се воздржат од патување во странство, особено во државите со кои САД има потпишано договор за екстрадиција.
Русија е држава со која американските органи имаат најмал успех во борбата против компјутерскиот криминал. Авторот наведува неколку примери за задржани хакери, но додава дека американските органи „не можат да се пофалат со голем успех“, бидејќи има голем број хакери кои живеат во Русија.
„Се поставува прашањето – толку ли е сајбер-криминалот доходен, што вреди да се остане целиот живот во Русија?“, се кажува во статијата.
Руска Реч