Во Градската општа болница „8 септември“, вчера околу 18.10 часот, бил донесен Д. К. (15) од Скопје со убодна рана во левата потколеница.
Според информациите на полицијата, по извршен разговор со Д. К. е дознаено дека истиот ден околу 18 часот во Скопје на улица „Радушка“, неколку непознати лица, без повод и причина физички го нападнале, при што едно од лицата со остар предмет го повредил.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот.