Путин: Русија ќе и помогне на Сирија во случај на странска агресија


Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави дека Русија ќе и помогне на Сирија, доколку ова блискоисточна земја биде изложена на евентуален вооружен напад од станство, јави ИТАР-ТАСС.

На завршната прес-конференција на Самитот на Г-20 во Санкт Петербург, Путин нагласи дека Русија и сега и помага на Сирија доставувајќи и оружје и соработува со Дамаск во областа на економијата и доставувањето на хуманитарна помош.

217353_putin-afp_fОсврнувајќи се на неговата билатерална средба со американскиот преседател Барак Обама, Путин истакна дека не успеале да постигнат согласност во врска со прашањето за Сирија.

– Сепак двајцата се сослушавме внимателно меѓу себе во врска со сириската криза, потенцира Путин.

Рускиот претседател изрази загриженост дека евентуалната интервенција во Сирија би имала негативни последици врз глобалната економија, додавајќи дека нападот со хемиско оружје од 21 август кај Дамаск претставува „провокација со цел да се предизвика воена интервенција“.

Путин нагласи дека покрај Русија и други држави-учесници на Самитот на Г-20 се изјасниле против странска воена интервенција во Сирија, меѓу кои и Италија и Индонезија, како и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.  Од друга страна, според него, за напад врз Сирија биле САД, Турција, Канада, Франција, Саудиска Арабија и Велика Британија.

Како што јави ИТАР-ТАСС, средбата меѓу Путин и Обама на маргините на Самитот на Г-20 траела 20-тина минути и во најголемиот дел била посветена на состојбата во Сирија.

Двајцата претседатели се договориле САД и Русија да ги продолжат контактите во врска со Сирија на ниво на Министерства за надворешни работи.

Во официјаното соопштение од средбата не се споменува ниту дали било разговарано за откажаната официјална посета на Обама на Русија, до која дојде поради аферата со поранешниот агент на НСА, Едвард Сноуден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1