Избодени тинејџери на Камен мост, еден се бори за живот


Двајца тинејџери од Кратово вчера попладнето биле нападнати од малолетници на Камениот мост во Скопје. Едно од момчињата на возраст од 18 години се бори за живот во Ургентниот центар во Скопје.

nozКако што пишува Миа, 18-годишниот Ј.Ј. и неговиот 17-годишен другар Д.Ј., двајцата од Кратово, вчера дошле во Скопје за да го проследат на арената „Филип Втори“ фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Велс.

На Камениот мост биле пресретнати од 17-годишните малолетници, Е.Ш. и Ј.А. од Скопје кои започнале да ги задеваат тинејџерите.

Во еден момент момчињата од Кратово биле физички нападнати, а еден од напаѓачите извадил нож со кој ги нападнал момчињата.

Ј.Ј. во нападот бил прободен во десната страна на градите и се наоѓа во животна опасност на Ургентниот центар. Една година помладиот кратовец заработил полесни расекотини по телото.

Полицијата ги уасила малолетните напаѓачи и против нив е поднесена кривична пријава за обид за убиство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1