Македонија се уште има теоретски шанси за пласман во следната фаза.
За ова да се оствари, потребно е Србија вечерва да ја победи Летонија и Литванија да слави над Црна Гора. Доколку овој предуслов се исполни, тогаш утре е потребно Литванија да ја победи БиХ, Србија да биде подобра од Црна Гора, а ние да славиме против Летонија со разлика од 10 или повеќе коша.
Во ваков случај ќе се направи круг од три селекции со по две победи, па во тој случај Македонија доколку дојде до убедливата победа, односно од плус десет разлика, ќе има кош разлика од плус два, Летонија ќе има плус 1, додека Босанците минус три.
Ова секако е навистина тешко, доколку се земе во предвид денешната катастрофална игра против БиХ, но нашите надежи се уште не се целосно згаснати.
Курир