107-годишник од Аркансас е убиен во вооружена престрелка. Полицијата реагирала на дојава за нарушување на мир во куќа во Пине Блуф во саботата попладне, јави АФП.
Полицајците утврдиле дека осомничениот Монрое Исадоре (107) вперил пиштол во две лица. Тие две лица биле извадени од куќата. Додека полицајците се приближувале до вратата од спалната соба во која се криел Исадоре, тој почнал да пука низ вратата. Исадоре не успеал да ги повреди полицајците, кои се обиделе да преговараат.
Во меѓувреме повикана е и специјалнта единица СВАТ. Користејќи камера, која ја провлекле под вратата, успеале да воочат дека Исадоре е наоружан. Тие влетале во собата, а Исадоре почнал да пука кон нив, на што специјалците одговориле со оган.
Полицијата го истражува инцидентот.