Ако не перете правилно и на “чистите” гаќи можат да останат и до 10.000 фекалии


Перењето на долната облека при ниски температури овозможува развој и паралелен пренос на бактериите од долната облека на пешкирите, што на крајот може да предизвика голем број на зарази во домаќинството.

Ниските температури на економичните програми за перење кои што се овозможени кај модерните машини не се доволни за убивањето на бактериите, па тие често се пренесуваат на долната облека, пешкирите и крпите, а тоа може сериозно да го загрози човековото здравје.

gaki-per-fek-01Според истражувањето на британското Здружение за хигиена, околу 0.1 грам или 10.000 фекалии остануваат на “чистите” гаќи по перењето на ниски температури, а бактериите од истите лесно се пренесуваат на другата облека или постелнината, пренесува “Daily Mail”.

“Луѓето веруваат дека облеката по секое перење е чиста, но постои разлика помеѓу површно чистото и хигиенски чистото”, изјавила водителката на студијата, докторката Лиса Акерли.

Таа додала дека економичните и другите програми за перење на ниски температури не се проблематични само поради остатоците од бактерии, туку и поради паралелната контаминација, односно преминувањето на бактериите на другите предмети во машината.

Така, предметите на кои што доаѓаат бактериите, како што се пешкирите и кујнските крпи, доаѓаат во директен контакт со човековото тело и лесно предизвикуваат најразлични болести. Бактериите на влажната облека се најопасни затоа што доаѓаат до рацете на луѓето при простирањето, а оттаму лесно стигнуваат и до устата.

Совети за поголема хигиена при перењето на долната облека:

gaki-per-fek-03● Барем еднаш во месецот потребно е било кое парче облека да се испере на 90 °C, се со цел да се исчисти внатрешноста на машината од бактерии.

● Постелнината и долната облека треба да се перат одвоено од пешкирите, особено кога се пере на ниски температури.

● По завршувањето на перењето, вратата од машината треба да се остави отворена одредено време затоа што воздухот го редуцира размножувањето на бактериите во внатрешноста.

● Редовно чистете ја вратата од машината и просторот во кој што го ставате детергентот и омекнувачот.

● По секое вадење и простирање на долната облека темелно измијте ги рацете.

● Доколку ја перете долната облека на пониски температури без средства за дезинфекција, облеката добро исушете ја и задолжително исперете ги рацете по простирањето на облеката.

Точка.ком.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1