Родители ќе ви ги вратат парите ако сте купиле работна тетратка и ја чувате сметката


Родителите кои биле изманипулирани од наставници да купат работни тетратки кои не се користат во наставата ќе можат да си ги повратат парите доколку имаат фискална сметка од купениот производ, информираат од организацијата на потрошувачи.

fiskalna smetka-Утрово добивме повици од граѓани кои чекале во редици пред книжарниците да ги вратат работните тетратки кои не се предвидени за користење во училиштата и да си ги повратат парите. Ние ги советувавме потрошувачите дека според законот во рок од 15 дена можат со фискалната сметка да вратат несообразен производ и да си ги повратат парите. Продавачите до одредена мера негодувале да ги вратат тетратките бидејќи тие имаат финансиски губиток, но не контактираа нас и ни објаснија дека ќе им излезат во пресрет на граѓаните, но не знаеме што ќе стане со оние граѓани кои не ја зачувале фискалната сметка за производот, велат од организацијата на потрошувачи на Македонија.

Од Министерството за образование велат дека законски на час не е дозволено да се користат тие работни тетратки, а законот е на сила пет години.
-Ние алармираме постојано за овој проблем каде наставниците им сугерираат на родителите да купат тетратки кои не се забранети, но не смеат да се користат во училиште. Проблемот не е создаден од министерството и нашата борба е да ги лоцираме оние што го прават проблемот и да ги санкционираме. Досега казнивме 13 наставници и граѓаните треба да пријавуваат вакви случаи, велат од Министерството за образование и наука.

Vecer

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1