Една селанка од Австрија измамила повеќе мажи преку оглас во кој им нудила секс на садо-мазохистите, кои наместо исполнување на сексуални фантазии, добиле тешки физички задачи.
По јавувања на нејзините огласи поставени на Интарнет, мажите завршувале цепејќи дрвја, косејќи трева и вршејќи секакви други работи на нејзината фарма. За утеха, работата ја обавувале со црн маски на лицата и со облека карактеристична за садо-мазохистите.
Повеќето од нив, кога сфатиле дека од уживање во болен секс нема ништо, избегале од фармата, а газдарицата ја пријавиле во полиција.