Социјалната мрежа Фејсбук има свои позитивни страни и знае да помогне во многу ситуации. Тако па така 71-годишниот татко Мајкл Хогбен кој се развел во далечната 1980 година, а својата ќерка Менди не ја видел цели 27 години, ја пронашол токму со помош на социјалната мрежа.
– Жал ми е Менди, но не го знам твоето презиме откако си се омажила. Те барам со години и никој и ништо нема да ме спречи да те пронајдам. Те сакам и ми недостигаше секој ден низ годините. Толку сакам да те видам и да разговарам со тебе, со оглед на тоа дека пропуштив многу низ годините. Те молам јави му се на својот татко, напишал таткото во писмото кое го објавил на Фејсбук.
Таткото со помош на Фејсбук добил одговор од својата ќерка со тоа што си размениле писма.