Познатиот дизајнер на луксузна гардероба „Долче и Габана“ го тужи Србинот Марко Филиповиќ зашто својот белградски локал го нарекол „Долче и каффана“.
Иако кафеаната во Белград работи речиси една година, сопственикот Филиповиќ вели дека немало никакви проблеми се до пред две недели кога преку адвокатска канцеларија во Белград му стигнала тужба од „Долче и Габана“.
– Се изненадив кога видов кој не тужи, а уште повеќе кога видов дека побаруваат 500.000 денари – кажал Филиповиќ.
Рочиште е закажано за први октомври кога кафеаната треба да ја прослави својата прва годишнина од постоењето.
Името на кафеаната, како што кажал Филиповиќ, го смислиле со брат му.
– Со брат ми разговаравме за тоа како да се вика кафеаната. Избравме симболично име и бидејќи сме браќа и се презиваме Филиповиќ, во името „кафана“ само додадовме две „ф“, па оттаму „Долче и каффана“ – појаснил тој.