Ужас: Пијан татко во трговски до крв ја претепа ќерката која има само 2 години!


Продавачот Михо С. од Валбандон завчера околу 21 часот и 30 минути во еден трговски центар во Пула беше очевидец на претепување на мало девојче кое ја тепаше својот пијан татко, пишува Гласот на Истра.

pretepanodevojce– Дојдоа маж, жена и две деца. Девојчето имаше околу две, а дечкото околу четири или пет години. Таткото влезе со пиво во рацете, после пет минути таткото во трговскиот центар пред сите вработени во продавницата ја претепа својата ќерка, толку крв имаше по нејзиното лице и на подот. Откако ја претепа, ја префрли во количката и ја остави на влезот, па се врати назад во продавницата кај својата сопруга. Тогаш неговиот син дотрча до сестрата, заедно со моите колеги, а една од колешките и’ ја бришеше крвта на девојчето додека нејзините родители купуваа, вели Михо, кој веднаш повикал обезбедување.

Чуварите дошле во рок од две минути, тврди продавачот, кој бил во шок.

Дополнително продавачот бил шокиран што чуварите го однесоа пијаниот татко на автобуска, наместо да повикаат полиција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1