Адвокатот на Кирил Поп Христов – Кили вели дека здравствената состојба на актерот се влошува. Тој, пренесува весникот „Вест“, поднел барање со ознака „итно“ за замена на решението за притвор со мерка домашен притвор.
Адвокатот Владимир Данаилов до истражниот судија приложил медицинска документација, со која се докажува дека лошата здравствена состојва на Кили бара итно лекување.
– Го посетив Кили во затвор и се уверив дека неговата здравствена состојба е исклучително влошена. Врз основа на лекарските наоди, актерот има туморска лезија со суспект на канцерна алтернација на грбот. Волуменот на израстокот на грбот е зголемен, односно туморот прогресирал. Дополнително е што има хепатит Ц и оток на црниот дроб, што уште повеќе ја влошува неговата здравствената состојба. А има и скршеница на едната рака, и потребно е да се извади гипсот. Сето ова е повеќе од доволен аргумент дека на Поп Христов му е потребна итна болничка нега, изјавил адвокатот за Вест.
Данаилов смета дека истрагата за предметите со дрога завршува релативно брзо и тој се надева дека Кили ќе го дочека евентуалниот обвинителен акт во својот дом.
Актерот Кили беше притворен минатата недела бидејќи полицијата откри 80 саксии со марихуана во подрумот од викенд-куќата на неговата мајка во скопско Визбегово