По социјалните мрежи последните денови се шири интересна и одлично снимена реклама на тајландскиот пружаач на телекомуникациски услуги „True“.
Видеото наречено „Giving“ освен што собира одлични критики, многумина сметаат дека и покрај сите пари во Холивуд, веќе подолго време не е создадено тоа што на тајландските режисери им успеа во триминутно видео.
Краткиот филм прикажува маж кој ненадејно е награден за добрите дела коишто ги правел целиот свој живот и притоа не очекувал ништо за возврат
.