Десетици граѓани дојдоа на пунктот во центарот на Скопје каде се доделуваат бесплатните билети за влез на манифестацијата „Појадок на мост“ која ќе се одржи на 22 септември.
За разлика од претходно, годинава појадокот ќе се организира на две локации и тоа на „Камениот мост“ и на мостот „Око“. Неопходно е граѓаните да подигнат билет, зашто во спротивно нема да им биде дозволен пристап до мостовите каде ќе се доделува бесплатниот појадок.
Foto – Телеграф.мк