Најмладата мајка забележана во историјата е Перуанката Лина Медина, која на 15 мај 1939 година, на своја петгодишна возраст, со царски рез, родила здраво бебе со тежина од 2,7 килограми.
Медина во моментот кога се породила имала само пет години со што станала најмладата мајка во светот.
Родителите на Лина, Индијанци од Андите, забележале дека нејзиниот стомак се зголемува но, мислеле дека станува збор за „зли духови“ па ја однеле кај лекар барајќи да ги избрка.
Но, лекарот Едмунд Ескомела, можел само да констатира дека девојчето е бремено.
Тој, тоа и го забележал во своите документи и токму оттаму сега на јавноста и е и достапна оваа информација.