Властите во Барбадос ќе привлекуваат туристи, така што ќе им обезбедат одредена сума за трошење додека се на островот. Со тоа се обидуваат да го намалат ударот од високите цени за авио летови и авио такси.
Ваучерите ќе зависат од должината на престојот, а ќе можат да се подигнуваат во ресторани, хотели, агенции за изнајмување возила, продавници и туристички агенции.
Понудата важи само за патување до декември 2013 година.