Албанија: Стотина деца не одат на училиште поради крвна одмазда


Стотина деца во Албанија не одат на училиште бидејќи се кријат во нивните домови, а причина за тоа е крвната одмазда, која потекнува од неколку генерации претходно, соопшти албанската Организација за помирување.
Џин Марку од таа организација соопшти дека вкупно 590 деца на возраст од три до 15 години, нема да посетуваат настава поради средновековната традиција по која „крвта може да се освети само со крв“.
albanija deca krvna odmazdaФранцуската агенција „Франс прес“, објаснува дека според традицијата од 15-от век сите машки членови од едно семејство, вклучувајќи ги и новородените, може да бидат убиени поради тоа што некој од нивното семејство убил член од друго семејство. Тоа брутално правило е широко распространето во сиромашните планиниски краишта на северниот дел на Албанија, но и во некои села и градови во другите делови на земјата.
„Поголемиот дел од тие деца, кои остануваат дома, немаат било каква комуникација и не може да продолжат со животот поради изолацијата“, рекол Марку.
Албанските просветни власти минатата година започнале проект за едукација на во домашни услови за сите деца кои не може да одат во училиште како нивните врсници поради страв дека ќе ги нападне некој семеен непријател. Според нив, новата Владата на социјалистот Еди Рама, која ја доби довербата во неделата, планира да ги спроведе законите и да воведе нова политика насочена кон ставање крај на таквата ситуација.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1