Во женските чанти се наоѓаат е.коли и фекални стрептококи


Следниот пат кога ќе посегнете во својата чанта по паричникот или нешто друго, треба да знаете дека може да соберете некоја болест, потенцијално смртоносна, предупредуваат стручњаците.

zenska tasnaСпоред најновото истражување, во женските ташни од кои се земени примероци пронајдена е ешерихија коли, како и други штетни бактерии, па дури и траги од измет, Сето тоа е пронајдено на дното на чантата за лаптоп или во торбите за во теретана.

За време на истражувањето, во чантите, се пронајдени бактерии со кои може да се затруе храна, што може да биде многу опасно, како споменатата ешерихија коли, како и фекалните стрептококи, што може да предизвика воспаление на белите дробови и бактериски менингитис.

Истражувањето, исто така, се занимавало и со некои навики на сопственичките на чантите, па е откриено дека 33 отсто од жените никогаш не ја чистат својата торба.
Поголемиот број испитанички признале и дека носат нечисти гаќички.

Исто така, петтина од испитаничките џвакаат гума за џвакање што ќе ја најдат на дното на чантата со тоа што само ќе ги тргнат влакната кои се налепиле, се наведува во истражувањето нарачано од Mentos Gum, пренесуваат британските медиуми

Макфакс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1