СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.З.(39) од Тетово за сторено кривично дело „измама“.
На 05.08.2009 година, пријавениот склучил преддоговор за продажба на стан на Т.Т. од с.Раковец, по што Т.Т. му исплатил 28.000 евра, додека останатиот износ требало да му го исплати откако станот ќе биде целосно опремен.
По извесен период, станот не бил опремен, а на Т.Т. му било кажано дека станот е продаден на друго лице, по што случајот е пријавен во полиција.