Освен новинарот Зоран Божиновски, во акцијата Шпион полицијата има издадено меѓународна потерница и по уште двајца меѓу кои и Борислав Перков , 52- годишен велешанец.
Тој денеска е уапсен во Чешка, а во понеделник чешкиот суд ќе треба да донесе одлука дали ќе постапи по барањето за екстрадиција во Македонија или ќе му биде одреден екстрадиционен притвор .