Пред 20 години основачот на Apple, Стив Џобс во текот конференцијата во Аспен, закопа временска капсула, а тајната е откриена дури сега и ќе биде дел од документарецот на National Geographic.
Тимот од емисијата Diggers два часа работеше на откопување на временската капсула долга четири метри. Во неа се наоѓаат шест лименки пиво и првото глувче за компјутер, кое во времето на закопувањето било вистинска реткост.
Капсулата требала да биде откопана уште пред десет години, но луѓето кои заедно со Џобс ја закопале го заборавиле точното место каде што е поставена.
Сите детали ќе бидат објавени во документарецот на National Geographic.