Јохан Тарчуловски денеска изјави за НОВА дека се работело за несреќен случај при падот на неговата сопруга Соња Тарчуловска.
-Мојата сопруга е добро, ја посетивме со децата. Две ноќи бдеев во болница, не излегов воопшто од болница, само на кратко се вратив дома и дали отспав само еден час. Се работи за несреќен случај.
Со децата предмалку бевме повторно во болница да ја посетиме. Сите детали за несреќата ќе ги соопштам утре, изјави Тарчуловски за НОВА.
По падот од балконот на станот во Кисела Вода, таа се здобила со скршени ребра, повреда на кичмата во долниот дел и скршеници на едното рамо. Taa вчера беше оперирана и е во стабилна здравствена состојба. Лекарските тимови од синоќа работат на нејзино опоравување.
МВР соопшти дека падот од балконот бил „несреќен случај“ и затоа нема да се води никава истрага.